Без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од улицата „Бојмија“ кулите 2,4 и 8, булеварот „Јане Сандански“ број 12 и булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ број 26 и 28 во Општина Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф 80 мм на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ број 26.
Без вода денеска од 9:20 часот се корисниците од улица „519“ и дел од улицата „Перо Наков“. Прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улица „519“.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.