Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен зборуваше за неговите амбиции и целите на тимот за сезоната 2020 година.

-Ќе се обидам да се борам за победа на секоја трка. Во Ред Бул, во принцип, сме насочени кон освојување на шампионатот. Секако, распоредот ќе биде многу густ, но едвај чекам да почне на сезоната. Не ми треба летна пауза, сепак имавме доволно долг одмор, изјави Верстапен.

Сезоната 2020 година во Формула 1 започнува со две трки во Австрија закажани за 5 и 12 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2020 14:23