Без вода утре ќе останат корисниците во делови од општината Центар поради изведување водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул.„Васил Стефановски" бр.30.

Од РЦУК по известување од ЈП Водовод и Канализација информираа дека од 9 часот до завршување на активностите без вода ќе останат корисниците од улиците „Васил Стефановски", „Роза Луксембург", „Петар Поп Арсов" и „Костурски херои", како и дел од корисниците од улиците „9 Мај" и „Христо Смирненски" во општината Центар.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2020 22:22