Челси направи понуда за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

Се чини дека Бошњакот ќе ги напушти „бјанконерите“, бидејќи сака да игра во Барселона.

Сепак, преговорите помеѓу Јуве и Каталонците се во застој и сега неговата иднина е нејасна. Пјаниќ има предлог и од Пари Сен Жермен.

Италијанскиот шампион е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челси, Жоржињо и се подготвени за размена.

Оваа сезона Пјаниќ има забележано 33 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2020 23:36