Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одделил бонуси од 18 милиони евра што ќе ги добијат „орлите“, доколку ја освојат титулата во Италија, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Според информациите, раководството и играчите постигнале договор за бонусите, а за секој од нив ќе бидат потребни околу 400.000 евра доколку Скудетото „слета“ во Рим.

Лацио е втор во пласманот по лидерот Јувентус пред продолжението на Серија „А“ овој викенд.

Претседателот на Лацио и фудбалерите се согласија да не земаат месечна плата за време на паузата поради пандемијата, а уште една плата е одложена за декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2020 23:37