Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, официјално го продолжи договорот за уште две години со опција за трета, објави клубот.

Белгиецот пристигна во Неапол во 2013 година и во моментов е во својата седма сезона со „небесносините“. Пред само неколку дена, 33-годишниот играч стана стрелец број еден во историјата на клубот, откако веќе има 122 погодоци.

– Среќен сум што ќе бидеме заедно подолго. Да живее Дрис!, напиша претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 01:40