Американскиот глумец Дени Мастерсон, познат по ТВ-серијата „Луди седумдесетти“, е обвинет за силување на три жени во првите години од овој милениум.

Обвиненијата за трите силувања следат по тригодишната истрага за 44-годишниот актер. Тој беше уапсен вчера, а кусо потоа беше ослободен. Судењето е закажано за 18 септември.

Тој е обвинет за силување на 23-годишна девојка во 2001 година, друга 28-годишна во 2003. и уште една 23-годишна, истата 2003 година. Доколку биде осуден, за овие дела може да се соочи со казна затвор до 45 години.

За два други случаи, обвинителството одби да поднесе обвинение – едниот поради немање докази, а другиот – поради застареност.

Адвокатот на Мастерсон рече дека актерот е невин и дека е убеден дека ќе биде ослободен откако ќе бидат презентирани сите докази и ќе бидат сослушани сведоците.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 14:14