Водата за пиење е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 39 мерни места во Скопје.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 15 до 19 јуни се земени вкупно 182 примероци за анализа.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение.