Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Студеничани, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 9 до 12:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селото Црешево, Општина Гази Баба.
Во периодот од 9 до 16 часот без струја ќе останат корисниците од селото Варвара, Општина Студеничани.