Познатиот порноглумец Рон Џереми е обвинет за силување на две жени и за сексуален напад врз уште две, објави Обвинителството во Лос Анџелес.

Тој вчера првпат се појави во суд. Обвинителството побара кауција од 6,6 милиони долари.

Глумецот, наводно, ги извршил тие напади од 2014 до 2019 година. Жените имале меѓу 25 и 46 години. Ако биде прогласен за виновен по сите четири обвиненија, тој се соочува со 90 години казна затвор.

Една од жртвите е 25-годишна жена којашто, според обвинението, била нападната во куќа во населбата Вест Холивуд. Другите напади се случиле во бар во истата населба во Лос Анџелес. Вториот напад со силување се случил врз 30-годишна жена, а обвиненија за сексуален напад поднеле и жени на 33 и 46 години.

Рон Џереми (67) е едно од најголемите имиња во историјата на порноиндустријата. Кариерата ја почна 1970-тите и зад него има над 2.000 филмови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2020 13:07