На повеќе локации изутринава во Центар и Чаир и по должината на реката Вардар осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.

Транспарентите, изработени на македонски и албански јазик, се поставени на мостови и надвозници на најфреквентни локации, каде поминуваат голем број граѓани.

Оваа иницијатива доаѓа во момент кога здравствените работници и соодветните државни служби водат огромна битка за зачувување на здравјето на граѓаните на Македонија, но и во моменот кога во земјава во тек е кампања за превдремените парламетарни избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2020 15:01