По извршените две ларвицидни прскања против комарци, вечерва во периодот од 18 до 2 часот по полноќ, на териториите на општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, ќе се изврши првото теренско прскање против возрасни комарци во соработка со регионалниот Центар за јавно здравје.

Поради ова се апелира до пчеларите од четирите општини, пред наведениот термин за прскање да ги затворат пчелите во кошниците и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства од несакани последици и евентуален помор.

Од Општина Гевгелија информираат дека по првото, предвидени се уште две прскања против возрасни комарци или годинава ќе бидат изведени вкупно пет акции за прскање против комарци и тоа сите од земја од причина што, како што велат, авионското прскање изминативе години имал слаб ефект во уништувањето на комарците.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 13:43