Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, утрово оствари средба со косовскиот премиер, Авдулах Хоти, за кого ова е прва официјална посета на Брисел и ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Рестартирањето на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина бил главна тема на разговор, но ни напредокот на Косово кон ЕУ, од што зависи “кредибилитетот на заложбата“ на двете страни.

-Ја истакнав итната потребата за напредокот во Дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Неодамнешното назначување на Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак за Дијалогот го илустрира фокусот на ЕУ кон овој дијалог, чие рестартирање е сега планирано за јули 2020 во Брисел, соопштија од кабинетот на Мишел.

На средбата станало збор и обвинението на хашкиот суд против Хашим Тачи, но ЕУ одбива да коментира освен за да ја истакне потребата процесот да се одвива независно без влијание од надвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 15:47