Односите меѓу ЕУ и Турција и подготовката за вонредниот Самит на ЕУ на 17 и 18 јули 2020 година на кој главната тема ќе биде Фондот за закрепнување, биле во фокусот на разговорите меѓу претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека станало збор и за односите меѓу Европа и Турција, како и за прекршувањата на Турција во источниот Медитеран.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 16:33