Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 13 новозаболени лица од Ковид-19. Од нив, седум се во општина Куманово, шест се во општина Липково. -Сите заболени потекнуваат веќе познати кластери, изјави директорот на центарот, д-р Ариф Љатифи. Денеска, и додаде дека се извршени 56 тестирања, од нив 18 по „Мој термин“, а останатите се согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови. Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, од почетокот на епидемијата Ковид дијагностицирани се 723 лица, а во моментов активни се 268 случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 20:04