Осветлен патот, кој води кон познатото излетничко место „Три круши“ во село Драчево, информираат од општина Кисела Вода.

Претходно патот беше реконструиран, а сега се поставени 23 нови столба со светилки. Општина Кисела Вода асфалтираше 660 метри во должина, а на два краци од патот, кои водат до куќите на жителите, во должина од 220 метри постави павер елементи.

-Со ова, на граѓаните им е овозможено лесно и безбедно да стигаат до своите домови, до црквата „Св. Петка“, а и до нивната омилена локација за пикник, велат од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 13:39