За време на викендот синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови.

Нестабилното време особено ќе биде застапено во западните делови од земјава.

Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст така што во среда максималната температура ќе достигне до 39-тиот степен.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 14:11