На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3.217 патници, сооштија денеска од МВР. Од нив во земјава се влезени 1.984 лица од кои 1.308 домашни и 676 странски државјани. Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.

Владата на 72-та седница донесе одлука од денеска целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

И на српска страна се пуштаат македонски патници без ПЦР тест и без карантин.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 20:36