Светлината може да ја зголеми возбудата, а може и да има точно обратен ефект – буквално да ве укочи и блокира. Факт е дека мажите претпочитаат секс на светло, возбудувајќи се од она што го гледаат, додека жените сакаат да се скријат зад завесите на мракот.

Според експертите голем процент од возбудата кај мажот се должи на она што го гледа по време на секс. Затоа не ускратувајте му го ова задоволство. Сите знаеме дека мажите сакаат со очите, па како резултат на ова за нив е особено важна визуелната стимулација. Сексот на темно ја намалува возбудата и насладата од интимниот момент. За мажите сексот на темно е безвкусен како храна без зачини.

Поради тоа сексолозите препорачуваат жените да заборават на своите комплекси поврзани со изгледот, бидејќи мажите не посветуваат големо внимание на вашиот изглед по време на секс.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 03:55