Сите знаеме дека за да им кажеме збогум на вишокот килограми потребно е да внимаваме што јадете и редовно да спортуваме. Но, понекогаш се случува токму тие неколкуте килограми, последните, коишто сакаме да ги изгубиме да ни е најголем проблем.
Еве неколку едноставни трикови со кои ќе успеете да ги изгорите вишокот килца, односно како да го забрзате метаболизмот:
1. јадете риба – омега-3 масните киселини одржани во рибиното масло може да направат чуда со вашиот метаболизам. Пожелно е да јадете лосос, туна, сардини и пастрмка. Рибиното масло го стимулира согорувањето на масти преку зголемување на ефикасноста на хормоните на тироидната жлезда во клетките на црниот дроб. Во деновите кога не консумирате риба, може да земате рибино масло во форма на додатоци во исхраната.
2. Обрнете внимание на дневниот внес на калории – ако постојано консумирате едно и исто количество калории вашето тело се приспособува на нив преку забавување на метаболизмот. За да го забрзате метаболизмот, почнете диета со ниска содржина на масти во текот на четири недели, проследено со две недели диета со повеќе протеини, масти и јаглехидрати. Кога ќе се вратите на диетата со помалку калории, тогаш ќе почне вистинското слабеење. Токму стресот од намалувањето на калориите ќе го натера телото да го побрза метаболизмот.
3. Консумирајте повеќе млечни производи – млекото и другите млечни производи содржат никотинамид рибозид кој помага во согорувањето на мастите. Никотинамид рибозид е супстанца која го стимулира митохондриите (клетки во човечкото тело, кои ја произведуваат неопходната енергија) поефикасно да ги метаболизираат мастите во енергија.
4. јадете повеќе лубеница – таа ја содржи аминокиселината аргинин која не само што помага за согорување на масти туку и ја попречува акумулацијата на таквите масти. Аргининот помага за регулирање на шеќерот во крвта, помага за полесна акумулација на мускулна маса за сметка на масното ткиво. Затоа вклучувајте почесто лубеницата во менито.
5. Консумираат органска храна, која не содржи конзерванси и пестициди. Голем број истражувања го докажаа негативното влијание на овие штетни материи врз нашиот метаболизам. Се уште не е детлно разјаснето нивното влијание, но научниците откриле дека конзервансите и пестицидите влијаат за зголемување на апетитот, го успоруваат метаболизмот и го стимулира формирањето на нови масни клетки.
6. Користете повеќе оцет за вашата салата – оцетната киселина стимулира согорувањето на мастите. Кај луѓето со прекумерна тежина, нивото на холестерол и триглицериди се пониски поради редовната консумација на оцет, во споредба со оние кои не користат оцет. Во комбинација со маслиново масло, оцет е уште покорисен, бидејќи маслото го стимулира лачењето на хормонот кој го потиснува апетитот и се чувствувате сити подолго.
7. јадете алги – супстанцијата фукоксантин што дава карактеристики зелено-кафеава боја на алгите стимулира согорувањето на мастите. Затоа Ви препорачуваме да консумирате додатоци во исхраната кои содржат алги и во комбинација со секојдневната потрошувачка на зелен чај ќе успеете да го забрзате метаболизам и да се справите со вишокот килограми.