Признајте си дека нешто внатре ве сече

Сакате да бидете единствената риба во тавчето, но тој навистина гледа по други дури и кога е со вас. Но вистината е дека луѓето се загледуваат поради редица причини, ако сакате верувајте, и најчестата од нив е љубопитството. Но вие сепак сте љубоморна. Имате свои начини како да реагирате во ваква ситуација и најчесто избирате еден од нив. Погледнете кој е нашиот избор за тоа како да реагирате во ваква ситуација и со тоа да направите добар впечаток во очите на мажот.

Навредена сте

Најчесто жените го прават имено ова. Придобивате камен израз без да дадете објаснување на кутриот маж, и тој се чуди што ли направил и со што ја заслужил ваквата физиономија. Оставете го да се поти за казна.

Реагирате бурно

Епа да, кај потемпераментните е возможно. Факт е дека на улица нема да пројдете незабележана, но пак сте си ги ослободиле чувствата и сте се ослободиле од притисокот и напнатоста. Ова не само што е добро за здравјето туку е и основа за бурен и квалитетен секс дома после ваков драматичен момент.

Се правите дека не забележувате

Лош избор, но пак за сметка на ова покажувате стил. Бидејќи не дека ви е сеедно, од внатре ви доаѓа да го раскинете, но наместо тоа избирате маска на целосно отсуство на било каква емоција. А ова воопшто не ви е паметно! Со начинот на однесување покажувате дека вие сте над сето ова, но само вие си знаете која е цената, нели?

Нашиот избор – Да ја оцените

Тука веќе и мажите ќе ви симнат шапка. Затоа што сте прекрасна. Бидејќи сте толку самоуверена и не ви претставува проблем да ја оцените другата жена. Таа може да е првата убавица но вие си го знаете почесното место во класацијата и никој не е во состојба да ве измести од таму ни милиметар. Освен тоа, точно на овој начин, не оставате ни капка сомнеж кај мажот, дека колку и квалитети да има жената по која се свртел, вашите се многу повеќе. Вие сте го избрале најдобриот и правилен начин – да реагирате смирено и со разбирање и ова е добитната варијанта.

Да вратите на ударот

Ова ви е последниот ас, но никако не е за препорачување, ако вашиот партнер е темпераментен и агресивен. Подобро не играјте си со оган, освен во случаите кога го фаќате по незнам кој пат, а тој секако постојано ве убедува колку многу ве сака и колку малку го интересираат останатите жени. Епа затоа и вие исто се вртите по некој згоден маж на улица, и не се правдајте дека е само од љубопитство, може да кажете дека е само осет за убавина.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 03:55