Многумина се колнат дека не треба да се мешаат работата и задоволството. Но, кој навистина се држи до ова правило и не се плетка со колега.

Романсите на работно место се случуваат многу почесто отколку што можете да претпоставите. Се почнува незабележително, со флерт во ходник или лифт. Еден од нив испраќа симпатичен имеил или СМС, а другиот одговара со комплимент. И двајцата ја темпираат паузата за кафе или ручек, а кога ќе се сретнат разменуваат по некој нежен збор или допир.

И како што вообичаено се случува по состанокот на работа надвор од фирмата, одлучуваат да си одат со ист автомобил и малку по малку страста си го зема својот данок. Откако овој сладок грев ќе се повтори повеќе пати, неретко по 17 часот во канцеларија или насред работно време, постануваат мета за трачеви меѓу колегите.

Ако и двајцата се слободни, оваа авантура има потенцијал да прерасне во сериозна врска. Но ако барем еден е зафатен или во брак, ете проблеми. Ако е за да им се верува на истражувањата, во последните години повеќе од 80 отсто од вработените флертуваат со колегите. Секој втор барем еднаш во животот се впуштил во романса на работно место, една петина со шефот, и тоа постарите почесто од младите.

Најголем дел од нив, сакаат ова да остане тајна, посебно ако е во прашање само секс, но тоа им успева само на половина од нив. Добрата работа е дека секоја десета од вака започнатите врски завршуваат со брак, а во секоја трета колегите и по раскинување остануваат во добри односи.

Докажано е дека дури 50 отсто од испитаниците фантазираат за секс со колега или колешка, а голем дел од нив се трудат таквите фантазии и да ги остварaат.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 03:55