Компанијата „Промедика“ заедно со својата фирма ќерка „Неокор“ извлекла неколку десетици милиони евра од државата преку изигрување на законот за јавни набавки откри неодамна „Лидер“ во првиот дел од аферата „ФАРМАГЕЈТ“, истражување за кое засега нема никаков демант ни реакција.

Во вториот дел од истражувањето на порталот се откриваат две други компании кои преку истата шема извлекуваат пари од земјата и истите завршуваат во Прага, кај првиот човек на фарма-мафијата, кој заедно со Филипче и Заев ги дели извлечените пари од надуените тендери. Идентитетот на човекот кој стои на врвот од пирамидата, ќе биде објавен во третиот дел од аферата.

Истите аксцелератори еднаш ја платил Тодоров, а уште еднаш СДСМ!

Исто како „Промедика“ и „Неокор“, шема преку која се зголемуваат цените на тендерите за јавни набавки прават и компаниите „Синерџи Медикал“ и „Кубис Медикал“. Иако на хартија втората компанија не е поврзана, сепак, во фармацевските кругови не е тајна дека зад двете фирми стои контроверзниот менаџер Горан Филипов, кој долги години функционира во јавното здравство.

Филипов, беше поврзан и со претходниот министер за здравство Никола Тодоров, од кој во 2012 доби тендер од неколку милиони евра за набавка на аксцелератори во болниците во Битола, Штип и болницата 8-ми септември.

Во тој тендер во цената беше вклучена и монтажата и софтверот за овие апарати, но, скандалот оди до таму што во 2017 година, по доаѓањето на СДСМ на власт, истата фирма доби 900.000 евра од министерството за здравство за монтажа и софтвер. Значи, „Синерџи“, фирмата на Филипов по втор пат од државата наплати нешто за кое земала пари уште во 2012 година.

Целиот текст може да се прочита на порталот Лидер



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 14:01