Општина Кисела Вода изработи краток документарен филм со цел да ги запознае граѓаните со дел од минатото, убавите цркви и манастири, излетничките места, занаетите, познатите фамилии, а и за тоа како се одвивал животот на жителите.

Општина Кисела Вода ги уверува граѓаните дека доколку одвојат време за документарецот ќе научат нешто повеќе. Од Општината упатуваат голема благодарност до сите учесници во документарниот филм.

Филмот може да се погледне на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?v=3354110594813074



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 10:39