Четворица градежни работници загинаа, а уште еден е повреден кога се урнал трговски центар во изградба на околу 1.000 километри североисточно од Москва, јави Тасс денеска.
-Гредите се урнаа и четворица градежни работници загинаа, а уште еден, кој беше заглавен во урнатините, е извлечен, изјави Анатолиј Кошчеев, шеф на округот Зујевски, каде се наоѓа градилиштето.
Еднокатниот трговски центар го градел приватен инвеститор и имал одобрение и дозвола за градба.