Дете е повредено кога врз неговиот дом паднала ракета што ја промашила целта во Зелената зона во Багдад, кварт во која се наоѓаат странски амбасади, соопшти ирачката војска.

Во време на нападот безбедносните сили спречиле удар на уште една ракета „Качуша“ врз воената база Таџи, северно од Багдад, каде се сместени американските трупи, се додава во соопштението.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите, наведуваат британските медиуми, и потсетуваат дека американски официјални лица често пати ги обвинуваат милициите, поддржани од Иран, за ракетните напади врз американски објекти во Ирак.

Полициски извори соопштија дека ракетата истрелана врз Зелената зона била соборена од ирачкиот противракетен систем поставен за одбрана на американската амбасада.

Ракетата била погодена во воздухот и експлодирала пред да падне на земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2020 15:36