Во ноќен клуб во градот Гринвил, во сојузната држава Јужна Каролина, во раните утрински часови дошло до вооуржен напад во кој се ранети најмалку 12 лица.
Заменик-шерифот на Гринвил забележал дека околу два часот утринава во клубот „Левиш Лаунџ“ дошло до пукање по што повикал засилување, се вели во соопштението на полицијата.
Некои од жртвите во пукањето биле однесени во болница од полициски службеници, додека други биле пренесени со приватни возила.
Се уште не се знае дали некој од повредените е вклучен во пукањето, а полицијата не ја открива здравствената состојба и идентитетот на жртвите.