Во изминатите 24 часа во Унгарија починал еден пациент, а пријавени се два нови случаја на заразени со коронавирус.
Сепак, опасноста од епидемијата се уште трае, па унгарските власти предупредуваат дека здравствените препораки и понатаму се во сила.
Тоа подразбира задолжително носење заштитни маски во јавниот превоз и продавниците.
Во Унгарија од почетокот на пандемијата починале 589 луѓе, а заразени се 4.174 лица.