Официјални лица во двата најголеми града во американската држава Тексас, Остин и Хјустон, го повикаа гувернерот да им дозволи на локалните власти да им наредат на жителите да останат дома, затоа што бројот на потврдени случаи со Ковид-19 постојано расте во таа сојузна држава, што ги загрозува болничките капацитети.
Градоначалникот на Остин, демократот Стив Адлер, за Си-Ен-Ен изјави дека сака републиканскиот гувернер Грег Абот да ја врати контролата на локалните власти. Адлер вели дека болниците се соочуваат со криза и дека капацитетите за интензивна нега би можеле да бидат исполнети за 10 дена.
Во областа Хјустон, судијата на округот Харис, Лина Хидалго, која е и демократ, истакнува дека е потребна наредба за да се остане дома. Тексас во саботата објави најголемо дневно зголемување на бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус – 8.258.