Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера објави нов пакет мерки во вредност од 1,5 милијарди долари, чија цел е да и се помогне на средната класа во време кога пандемијата на новиот коронавирус ја уништува економијата на најголемиот светски производител на бакар.

Мерките вклучуваат пристап до заеми без камати, субвенционирана наемнина и можност за одложување на исплата на хипотекарни заеми за шест месеци, изјави Пињера во телевизиско обраќање.

– Пандемијата тешко ја погодува нашата средна класа, нагласи Пињера.

Во Чиле, 295.532 луѓе се заразени со новиот коронавирус, додека 6.308 лица починаа досега.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 10:58