Иран потврди дека зградата оштетена во пожарот во близина на подземниот објект за збогатување ураниум во Натанц била центар за производство на центрифуги, јави државната агенција ИРНА.

Иранските власти претходно се обидоа да го минимизираат значењето на пожарот што избувна во четвртокот наутро, нарекувајќи го инцидент кој погодил „индустриски хангар“.

На сликата и снимката што ги објави иранската државна телевизија се гледа двокатна зграда со траги од пожар и уништен покрив.

Портпаролот на иранската нуклеарна агенција, Бероуз Камалванди изјави дека фабриката за центрифуги почнала со работа во 2018 година и дека било планирано производство на понапредни центрифуги.

Тој додаде дека штетата „ на среден рок може да го одложи развојот и производството на понапредни центрифуги“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 11:07