Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го претстави составот на новата влада чија главна цел е да и се помогне на економијата во најтешката криза во државата од Втората светска војна.

Францускиот премиер Едуар Филип минатата недела поднесе оставка, а Макрон на негово место го именуваше Жан Кастекс (55).

Економијата на државата е во историска рецесија по кризата со коронавирусот.

Макрон објави на Твитер дека е непходен „нов пат“ и наведе дел од приоритетите на новата влада – економијата, промени во системот на социјална заштита и животна средина и заштита на европскиот суверенитет.

Аналитичари наведуваат дека Макрон бара нов старт за да се опорави од поразот на локалните избори, на две години пред претседателските избори во 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 11:17