Либански Хезболах и палестински Хамас оценија дека планот на Израел за анексија на делови од Западниот брег е „агресија против палестинскиот народ“ и повикаа на единство за борба против тој план.

Водачот на Хамас, Исмаил Ханије, испрати писмо до лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, во кое предупредува дека Палестинците се соочуваат со „сериозни опасности“, се вели во соопштението објавено од либанската организација.

„Палестинскиот народ е способен да се спротивстави на тој план“, нагласува Хезболах.

Хезболах ги повика арапските и муслиманските земји и „слободните луѓе на светот да реагираат брзо за да се запре континуираната агресија на окупаторите врз палестинскиот народ“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно вети дека ќе анектира до 30 проценти од Западниот Брег, во согласност со планот на Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 10:28