Руското Министерство за одбрана, по денешниот напад врз украинскиот енергетски систем, соопшти дека „Целта е постигната“.

Руските сили извршија масовен напад со прецизно оружје со долг дострел и беспилотни летала врз објектите на критичната енергетска инфраструктура во Украина кои обезбедуваат работа на воено-индустрискиот комплекс, се наведува о соопштението на руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се тврди дека е постигната целта на нападот и оти „се погодени сите мети“.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија денеска лансирала над 70 ракети и повеќе од сто дронови брз енергетскиот систем на Украина.

Денес Путин намерно го избра Божик за својот напад. Што може да биде понехумано од тоа? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и над 100 нападни беспилотни летала. Целта е нашиот енергетски систем. Тие продолжуваат да се борат Украина да остане во темнина, објави Зеленски на Телеграм.

Според украинското Министерство за одбрана соборени се 59 руски проектили и 54 дронови.

Градоначалникот на вториот по големина град во Украина, Игор Терехов изјави дека се истрелани 12 проектили врз енергетските објекти во Харков. Во рускиот напад повредени се најмалку четири лица, а голем дел од Харков е без електрична енергија, вода и греење.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2024 14:42