ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.
На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да поднесуваат барања за издавање на решенија за следните услуги: приклучок на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, двоење во шахта, реконструкција на приклучок, барање за друг тип на објекти (правни лица) и барање за хидротехнички услови.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.