Од вечер во 23.00 до утре, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Божидар Аџија“, „Димо Хаџидимов“ и „Георги Димитров“ во Кисела Вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација на Град Скопје“.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин поради дефект на затворач и противпожарен хидрант со пречник на крстосницата „Божидар Аџија“ и „Димо Хаџидимов“.
Од „Водовод и канализација“ информираат дека од водоснабдувањето ќе биде прекинато од денеска во 23:00 часот до утре кога ќе се заврши со активностите.