Поради уличен дефект ф-250мм на улицата 1 „Трубарево“ на влезот, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од Трубарево.
Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 до завршување со активностите. Поради обемот на дефектот, обезбедена е цистерна со питка вода за корисниците.