Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека без вода денеска од 10 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата „Горно Лисиче“ во Општина Аеродром.

Прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Горно Лисиче“ 190 и дефект во шахта на улицата „Горно Лисиче“ без број ( Кен Панел).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2020 13:02