Пејачката Али Брук ја објави првата своја песна снимена на т.н. „спанглиш“ јазик, односно на мешавина од англиски и шпански. Песната се вика „500 Veces“ и во неа гостува раперот Месија. Пејачката го промовира и видеоспотот.

– Среќна сум и горда што Ви го претставувам првиот сингл на шпански јазик (поточно „спанглиш“ – шпанско-англиски). Исто така, горда сум и на видеото. Се чувствувам толку моќно околу сѐ тоа, напиша таа на Твитер.

Патем, Али неодамна откри дека наскоро ќе објави и автобиографија под наслов „Пронаоѓајќи ја својата хармонијата“, што ќе биде достапна во продажба од 6 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2020 15:12