Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат акција за расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче.

– Со цел зачувување на животната средина, Општина Аеродром апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и да не фрлаат отпад на јавни површини и надвор од соодветните места за отпад. Во спротивно, следуваат казни согласно со законот, соопшти Општина Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2020 14:29