За набавка на програма ТВ Сител потрошила повеќе средства отколку останатите четири телевизии заедно. Во анализираната година, само ТВ Канал 5 ги намалила трошоците за набавка на програма (од 102,61 милиони денари во 2014 година на 90,84 милиони денари во 2015 година, односно за 11,47%).
Останатите четири телевизии ги зголемиле овие трошоци: ТВ Алфа потрошила 97,55 милиони денари (23,24% повеќе отколку во претходната година), ТВ Алсат-М 34,10 милиони денари (4,85% повеќе), ТВ Сител 300,12 милиони денари (26,25% повеќе), а ТВ Телма 44,20 милиони денари, односно за 9,87% повеќе отколку во претходната година се вели во анализата на пазарот за аудио и аудиовизулени услуги објавена од страна на ААВМУ.