Во оваа фаза од истрагата нема индикации дека пожарот во катедралата од 15-от век во Нант, во западниот дел на Франција, бил намерно подметнат, изјави денеска францускиот министер за финансии, Жералд Дармањин.
-Во овој момент нема индикации дека станува збор за кривично дело. Покрената е истрага. Веројатно е случаен, рече Дармањин пред пратениците, пренесоа британските медиуми.
Во пожарот што избувна во саботата утрото во катедралата Сен Пјер-е-Сен Пол од 15 век, беа уништени витражите и оргулите.