Американскиот државен секретар Мајк Помпео и британскиот премиер Борис Џонсон денеска разговараа за кинеските активности во Хонг Конг и за нејзиното постапување со муслиманите во Ксинџијанг, соопшти Даунинг стрит.

Британските медиуми јавуваат дека двајцата разговарале за заедничките прашања во врска со глобалната безбедност и надворешната политика, вклучувајќи ги кинеските активности во Хонг Конг и Ксинџијанг, ситуацијата во Иран и мировниот процес на Блискиот Исток.

Премиерот и државниот секретар, исто така, ја истакнале посветеноста кон преговорите за силен трговски договор меѓу Велика Британија и САД, што ќе биде од полза за економиите на двете земји.

Џонсон и Помпео, исто така, се осврнале и на смртта на 19-годишниот Британец Хари Дан, кој загина во судир со сопруга на американски дипломат, за што премиер Џонсон изјавил дека британскиот народ силно чувствувал дека правдата мора да биде задоволена.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2020 23:08