Дел од корисниците од улиците „Ташко Караџа", „Лазар Поп Трајков" и „Мите Богоевски" во Општина Аеродром утре од 7:20 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од селата Бањани, Горњани, Чучер, Мирковци и Рамно, од 9:00 до 12:00 часот корисниците со броевите 22, 23, 25, 26, 27, 28, и 29 од улицата „Христо Смирненски" во Општина Центар, а од 10:20 до 15:00 часот корисниците со броевите: 21, 23, 25 и 27 од улицата „Мите Богоевски" во Општина Аеродром.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија" АД.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 12:07