Општина Бутел во соработка со ЈП „Дрисла" на 8 и 9 август ќе организира акција за собирање на кабаст отпад и градежен шут.

Граѓаните ќе можат својот стар мебел, неупотребливи електрични апарати, скршени санитарии, електронски отпад, градежен шут и друго, да го одложуваат на четири локации на територијата на општината:

1. Во Радишани на средината на улица „Радишанска" помеѓу прв и втор влез.

2. Во Бутел 1, кај трафостаницата спроти црквата „Св. Јован".

3. На улица „Бетовенова" кај контејнерите.

4. Скопје Север, позади гимназијата „Зеф Љуш Марку".

Од општината со апел до граѓаните да ја искористат оваа летна акција и во наредниот период се до 8 и 9 август да го одложат својот кабаст отпад и градежен шут на посочените локации.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2020 14:08