Египетската sвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, избегна да сподели информации за својата иднина во клубот, откако стана шампион на Англија. Тој придонесе со 19 голови за првата титула на тимот од Мерсисајд по 30 години.

– Сега сакам да уживам во моментот. Никој не знае што ќе се случи во иднина. Ќе видиме. Ја освоивме Лигата на шампионите, ја освоивме Премиер лигата, јас сум среќен. Ќе видиме што ќе се случува во иднина, но јас сум многу среќен од освојувањето на овие трофеи, рече Салах.

Напаѓачот не крие дека главна заслуга за успехот му припаѓа на менаџерот Јирген Клоп.

– Нема никаква тајна за успехот. Не верувам во тајните на фудбалот. Верувам во сработеното. По пристигнувањето на Клоп, првото нешто што тој се обиде да го направи беше да го смени менталитетот на играчите и да ги натера да размислуваат како победници. Тој се справи одлично, прокоментира Египќанецот.

Тој не смета дека оваа сезона беше послаба за него.

– Бројот на голови оваа и минатата сезона не е многу различен. Минатата сезона постигнав 22 голови во Премиер лигата, а ова – 19. Имаме уште еден натпревар и ако постигнам хет-трик, ќе стигнам до 22, посочи тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2020 15:30