УЕФА се согласи да го зголеми бројот на играчи од 23 на максимум 26 во проширените состави за Европското првенство летово во Германија, соопштија од централата.

Тимовите традиционално именуваат 23 играчи во нивните тимови за големите првенства, но УЕФА дозволи по три дополнителни играчи за ЕП 2020 и Светското првенство 2022 година поради пандемијата Ковид-19.

-Извршниот комитет на УЕФА денеска одлучи да ги зголеми проширените состави кои ќе учествуваат на претстојното УЕФА ЕУРО 2024 од првичните 23 на 26 играчи, се вели во соопштението на УЕФА.

Тимовите имаат рок до 7 јуни да и достават на УЕФА список на нивните тимови со минимум 23 играчи и максимум 26.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2024 05:59