Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Како дел од делегацијата на Владата денеска на одбележувањето на 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Овој земјотрес, кој траеше 20 секунди, однесе 1070 човечки животи, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади Скопјани останаа без покрив на главата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2020 15:04