Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Центар, Сарај, Кисела Вода, Бутел и Гази Баба, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Лисец" (после пругите), Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Смирненски" бр.19, 20, 25, 27,28, 29 и други, Општина Центар.
Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Глумово., Општина Сарај.
Во периодот од 06:00 до 09:00 часот бе струја ќе остане казино ГЛОБАЛ ГАМИНГ на улица „Иван Козарев" бб., Општина Кисела Вода.
Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Никола Вапцаров" бр.13 и бр.15; и „Димитрие Чуповски" бр.10, Општина Центар.
Во периодот од 10:00 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Скоевска" (кон Радишански Пат), Општина Бутел.
Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „28" во Радишани (позади црквата), Општина Бутел.
Во периодот од 08:30 до 09:30 без струја ќе останат корисниците од улицата „Сердарот", од вкрстувањето на улицата „Сердарот" со улицата „Иван Хаџиниколов" (кон каналот), Општина Кисела Вода.
Во периодот од 07:30 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќеостанат корисниците од улиците :11,12,13,14,15,17,18,19,20,21,35,36,37,38,39,40 и 84. во село Стајковци, Општина Гази Баба.