Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни 2020, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 2,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.

Во јуни 2020, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 0,6 отсто, трајни производи за широка потроошувачка за четири отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2020 15:26